Промени тема
Контакт

Наставничка убиена во училиште во Австрија: Колега ја застрелал поради невозвратена љубов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library642oh9pbr4ggak95s08
unsplash

Австриската полиција откри нови детали за убиството на 28-годишна наставничка во местото Тауфкирхен ан дер Прам, при што истрагата покажала дека мотивот бил љубомора и невозвратена љубов.

Првично се претпоставувало дека жртвата и напаѓачот биле во љубовна врска, но истражителите сега утврдиле дека 29-годишниот колега не бил во врска со наставничката.

Според обвинителството, повод за злосторството било тоа што младата жена неодамна започнала нова емотивна врска.

— реклама —

Убиството се случило во училишната библиотека. Напаѓачот најпрво неколкупати ја избол наставничката во пределот на вратот со предмет налик на бодеж, а потоа испукал три куршуми во нејзината глава. Оружјето го поседувал легално.

По злосторството, осомничениот со автомобил се оддалечил од училиштето, а потоа со голема брзина удрил во дрво. Според истрагата, непосредно пред судирот си пукал во главата.

— реклама —

Телото на наставничката било пронајдено откако нејзината мајка се загрижила бидејќи ќерката не се вратила дома. Кога го забележала нејзиниот автомобил пред училиштето, била организирана потрага низ објектот, по што жртвата била пронајдена во библиотеката.

— реклама —

Австриските власти соопштија дека за учениците, наставниците и семејствата е обезбедена психолошка помош, а кризен тим веќе интервенирал во училиштето.

За наредните денови се најавени дополнителни состаноци на надлежните служби за координација на активностите и поддршка на училиштната заедница по трагичниот настан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymue570v3hpfucjYGf3f

Австриски компании бараат нови можности за соработка во транспортот и енергетиката во Македонија

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
avstrija

Гугл гради гигантски центар за податоци во Австрија: ќе троши струја колку 900.000 домаќинства

Свет | пред 1 седмица

media-library642oh9pbr4ggak95s08

40-годишна жена пронајдена мртва во домот, сопругот осомничен за сексуално насилство со смртен исход

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj9uo6npsmpqb9acoSHF

Забранет хиџабот за девојчиња под 14 години во училиштата во Австрија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања