Промени тема
Контакт

Американски воени авиони без дозвола влегле во австрискиот воздушен простор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library4tnm9iaectbgb2sYMha
фото: unsplash

Австриското воено воздухопловство два дена по ред ги активирало своите борбени авиони „Еврофајтер“ поради американски воени летала што без дозвола влегле во воздушниот простор на неутрална Австрија.

За инцидентите, кои се случиле во неделата и понеделникот, информираше портпаролот на австриската војска, Михаел Бауер.

Според информациите, во неделата два авиони од типот PC-12, што американското воено воздухопловство ги користи под ознаката U-28A, летале над Горна Австрија без потребни дозволи за прелет.

— реклама —

Откако биле пресретнати од австриските „Еврофајтери“, американските авиони се свртеле и се вратиле кон Минхен.

Сличен инцидент бил регистриран и во понеделникот, кога повторно биле забележани два американски воени авиони PC-12 во австрискиот воздушен простор.

— реклама —

За разлика од првиот случај, каде што било потврдено дека не постоеле дозволи за прелет, за вториот инцидент сè уште не е познато дали леталата имале соодветни одобренија.

— реклама —

Австриската војска засега не соопшти какви последици ќе има, но Бауер изјави дека прашањето ќе се решава по дипломатски пат.

Авионот PC-12 е произведен од швајцарската компанија Пилатус Еркрафт, а американската армија го користи главно за извидување и надзор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymue570v3hpfucjYGf3f

Австриски компании бараат нови можности за соработка во транспортот и енергетиката во Македонија

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
avstrija

Гугл гради гигантски центар за податоци во Австрија: ќе троши струја колку 900.000 домаќинства

Свет | пред 1 седмица

media-library642oh9pbr4ggak95s08

40-годишна жена пронајдена мртва во домот, сопругот осомничен за сексуално насилство со смртен исход

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj9uo6npsmpqb9acoSHF

Забранет хиџабот за девојчиња под 14 години во училиштата во Австрија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања