Промени тема
Контакт

Европа под нов топлотен бран: Австрија измери рекордни 41,2 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryf04ibqiqk259bCmcFiy
фото: unsplash

Новиот топлотен бран што ја зафати Европа донесе рекордни температури во Австрија, додека сушата предизвикува сериозни проблеми во повеќе земји од Централна и Јужна Европа.

Во австрискиот град Бад Дојч-Алтенбург, во близина на границата со Словачка, денеска се измерени рекордни 41,2 степени Целзиусови, што е највисока температура досега регистрирана во земјата. Со тоа беше надминат рекордот од 41 степен, поставен само еден ден претходно во Виена.

— реклама —

Во меѓувреме, во Унгарија властите ги повикаа граѓаните и компаниите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија поради големото оптоварување на електроенергетскиот систем, предизвикано од екстремната суша и високите температури. Нискиот водостој на Дунав ја принуди земјата речиси целосно да ја запре работата на единствената нуклеарна електрана, која за ладење користи речна вода.

Последиците од топлотниот бран се чувствуваат и во Словенија и Хрватска, каде што нуклеарната електрана „Кршко“ најави намалување на производството на 80 проценти од капацитетот поради високите температури и нискиот водостој на реката Сава.

— реклама —

Во Германија, пак, реката Рајна достигна ново рекордно ниско ниво, што го нарушува товарниот речен сообраќај и транспортот на стоки.

— реклама —

Европа, која се смета за континент што најбрзо се затоплува, и ова лето се соочува со рекордни горештини, суши и шумски пожари, при што најпогодени во последните недели се Франција, Шпанија, Италија и делови од Балканот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymue570v3hpfucjYGf3f

Австриски компании бараат нови можности за соработка во транспортот и енергетиката во Македонија

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
avstrija

Гугл гради гигантски центар за податоци во Австрија: ќе троши струја колку 900.000 домаќинства

Свет | пред 1 седмица

media-library642oh9pbr4ggak95s08

40-годишна жена пронајдена мртва во домот, сопругот осомничен за сексуално насилство со смртен исход

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj9uo6npsmpqb9acoSHF

Забранет хиџабот за девојчиња под 14 години во училиштата во Австрија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања