(Видео) Британец преживеа, 204 тела се најдени – нови детали за авионската несреќа во Индија


Едно лице чудесно преживеа пад на патнички авион на „Ер Индија“ што се урна само 30 секунди по полетувањето од индискиот аеродром во Ахмедабад кон Лондон. Веста ја потврди комесарот на градската полиција за агенцијата АНИ, а ја пренесе Би-Би-Си.
Преживеаниот е идентификуван како Вишваш Кумар Рамеш, британски државјанин, кој според официјалниот список на патници, седел на седиштето 11А. Тој е хоспитализиран и се наоѓа под лекарски надзор.
Индиски медиуми објавија дека успеале да разговараат со Рамеш во болничката соба, каде што им ја покажал картата за качување со неговото име и бројот на седиштето, потврдувајќи го неговиот идентитет и сведоштвото за трагедијата.
„Сè се случи во секунда“, изјавил Рамеш. „Чув силен звук и потоа авионот се сруши.“
Несреќата се случила со летот AI171 на „Ер Индија“, кој превезувал 242 лица и требал да слета на лондонскиот аеродром Гетвик. Причините за падот сè уште се испитуваат.
Индиските власти потврдија дека досега се пронајдени телата на 204 патници. Судбината на останатите патници сè уште не е позната.
New CCTV footage emerges of the Air India 787 as it took off from Ahmedabad. It also appears to show smoke (or dust) as the aircraft lifted off from the runway. pic.twitter.com/8ytjZCDOP1
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) June 12, 2025
