Македонија

Премиерот предупредува: Зад потезите на Бугарија стојат стратегии кои се стари со децении

Во изјава, по повод учеството на бугарската делегација на Самитот во Хаг, премиерот Христијан Мицкоски оцени дека потегот на официјална Софија да го испрати премиерот, наместо претседателот, претставува необична политичка егзибиција и сигнал за посебен начин на функционирање на бугарската политичка сцена. Тој нагласи дека ваквите потези отвораат простор за иницијативи на високо политичко ниво, но и потреба од македонска проактивност во справување со длабоко вкоренетите регионални политики и стратегии.

„Таму гледаме една егзибиција, можеби е таков начинот на функционирање на бугарската политичка сцена, во Вашингтон, на Самитот, присутен беше премиерот. Логично е да ротираат претседателот и премиерот. Затоа годинава е претседателот таму. И логично беше од страна на Бугарија да го испратат претседателот. Тие го испратија премиерот. Ако има иницијатива, на ниво на премиер со претседател сметам дека треба да го прифатиме. Убеден сум дека тоа ќе биде став и на претседателката. Мора да бидеме проактивни и да покажеме дека не е тоа тоа што се зборува, дека не е проблемот стотината граѓани кои за себе велат дека бугарскиот им е мајчин јазик, туку има поголем проблем. Политика која е стара децении, стратегии кои внимателно се создавале“, рече премиерот Христијан Мицкоски

На почеток