Свет

(Видео) Моќни експлозии низ градот, згради во пламен, вака изгледаше Техеран синоќа

Израел синоќа ги таргетираше нуклеарната програма на Иран и капацитетите за балистички ракети со долг дострел во „превентивен напад“.

Тие ги таргетираа воените објекти низ Иран, вклучувајќи го и округот во Техеран каде што се сместени високи команданти на Корпусот на иранската револуционерна гарда, објави израелското воено радио.

Иранската државна телевизија објави повеќе силни експлозии во различни делови од главниот град.

Снимките од ноќниот напад се шират на социјалните мрежи, се гледаат експлозии и горење на згради.

На почеток