Со инвестиција од 11,7 милиони евра – нов лик за патот до Свети Наум


Денес беше официјално пуштен во употреба магистралниот пат од Охрид до манастирот Свети Наум, обновен со инвестиција од 11,7 милиони евра, на вкупна должина од 24,3 километри.
Инвестицијата (финансирањето) е на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Направена е целосна санација на коловозот, поставена нова сигнализација и безбедносни огради, проширување и стабилизација на ризични косини.
Премиерот Мицкоски го опиша патот како долгоочекуван и неопходен за Охрид, за туризмот и регионалната поврзаност, со акцент на инфраструктурата како инвестициски приоритет.
Патот го поврзува градот со манастирскиот комплекс Св. Наум, со плажите на јужниот брег и овозможува непречена врска со Албанија.
