Општина Центар планира во Дебар Маало од петок до понеделник да забрани движење на возила


Според пилот-проектот на општина Центар, ова маало наскоро може да стане пробна зона за нов сообраќаен режим.
Општината планира ограничување на движењето на возила за време на викендите, со цел да се зголеми безбедноста, редот и квалитетот на животот на жителите без загадување и бучава.
Проектот според прсвилатз ќе се достави до Град Скопје и СВР Скопје за одобрување. Доколку биде прифатен, пилот-програмата ќе трае шест месеци, а според реакциите и ефектот, може да остане и трајно решение.
Од петок во 18 часот до понеделник во 6 часот влезот во Дебар Маало ќе биде дозволен само за резидентни жители со дозвола. Другите возила ќе можат да влезат, но мора да излезат во рок од 15 минути. Доколку ова не го почитуваат ќе бидат казнети.
Општината ќе постави рампи со електронска контрола и безжичен систем со мобилна апликација или бесплатен телефонски број за отворање рампи за жителите.
Паркирањето кај Орце Николов, Аминта III, Ленинова и 29 Ноември ќе биде дозволено за посетители.
Со ова би се подобрил животот во ова фрекфентно и популарно маало.
Доколку проектот се покаже како успешен, истиот модел би се применил и во други делови како Буњаковец и Капиштец.
