Македонија

(Видео) Со кои пари Мијалкови го градат хотелот во Охрид и што ќе се прави со него

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, во поткастот „Претрес со Ландов“, рече дека хотелот, сопственот на семејството Мијалкови, бил мета на инспекциски контроли и утврдена е состојбата. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ расчистило со него.

Отвори и прашање – како е можно толкави средства да се инвестираат во хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад и хотелот во Охрид.

„Направија спогодба, ги легализираа финансиските средства“, рече меѓудругото Николоски.

На самиот брег на Охридското Езеро, каде зеленилото од летувалиштето Горица се спушта кон водата, никнува нов хотел на парцела од 15.787 метри квадратни. Не би било ништо необично, доколку локацијата не беше дел од заштитено природно и културно наследство под УНЕСКО.

Фирмата Дивелоп Груп, која сега е една третина во сопственост на Јордан Мијалков – синот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, во 2011 година победува на јавно наддавање за продажба на тогаш државното земјиште.

Таа година Сашо Мијалков сè уште е директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), а наддавањето за земјиштето го објавува Министерството за транспорт и врски предводено од неговиот сопартиец Миле Јанакиески.

ЦЕЛ РАЗГОВОР:

На почеток