Македонија

Рано утрово земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Утрово, во 04:35 часот, бил почувствуван краток земјотрес во Охрид и поширокиот регион.

Според првичните податоци, земјотресот имал магнитуда од 3,8 степени според Рихтеровата скала на длабочина од околу 10 километри, со епицентар на приближно 9 км североисточно од Охрид.

Земјотресот бил почувствуван од жителите на градот и околните населби, како и во пограничните места со Албанија.

На почеток