Убиен шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда

Од
Објавено на

Во израелски воздушен напад врз Техеран беше убиен Мохамед Каземи, шефот на Разузнавачката организација на Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГЦ), една од двете главни безбедносни агенции на Иран. Неговиот заменик Хасан Мохакик и високиот офицер Мошен Багери исто така беа убиени.
Веста прв ја објави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за американскиот „Фокс њуз“, а набрзо беше потврдена и од иранските државни медиуми.
Командантот на воздухопловните сили на ИРГЦ, шефот на програмата за ракети земја-земја и голем број други високи функционери и научници, исто така, беа убиени во последните денови. Израел тврди дека елиминирал повеќе од 20 врвни ирански воени команданти во неодамнешните операции.
