Промени тема
Контакт

(Видео) Израел депортира околу 170 активисти од хуманитарната флота, меѓу нив се Грета Тунберг и Србинот Огњен Марковиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-libraryi5rddhrc03sb01N0mHt

Околу 170 членови на хуманитарната флота денеска биле депортирани од Израел и упатени кон Грција и Словачка, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Меѓу депортираните се и шведската активистка Грета Тунберг и државјанинот на Србија Огњен Марковиќ, пренесува Times of Israel.

На фотографиите објавени од израелското министерство се гледаат Тунберг и другите активисти на аеродромот Рамон, на југот на Израел.

— реклама —

Покрај нив, депортирани се и активисти од Грција, Италија, Франција, Ирска, Шведска, Полска, Германија, Бугарија, Литванија, Австрија, Луксембург, Финска, Данска, Словачка, Швајцарија, Норвешка, Велика Британија и САД.

Во соопштението на Министерството се наведува:

— реклама —

Сите законски права на учесниците во оваа акција беа почитувани и така ќе продолжи. Министерството додаде дека „лажните информации кои ги шират учесниците се дел од нивната однапред подготвена кампања на дезинформации.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави вчера дека државата ќе помогне при ослободувањето на Огњен Марковиќ, кого израелските власти го задржаа при пресретнувањето на флотата.

Доколку биде потребно, ќе го повикам и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да помогнеме во неговото ослободување, рече Вучиќ.

— реклама —

Израелското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека тврдењата за малтретирање на активистите, меѓу кои и Грета Тунберг, се „голема лага“, додека министерот задолжен за затворите Итамар Бен Гвир изјави:

Горд сум што со нив се постапува како со терористи.

— реклама —

Од друга страна, организацијата за правна помош Adalah соопшти дека бројни активисти пријавиле физичко и психичко малтретирање. Некои од нив изјавиле дека им била скратена храна и вода, додека други сведочеле за грубо постапување на израелските безбедносни сили.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gaza1

Тројца убиени во израелски напади во Газа, меѓу ранетите и девојче

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryof892nk1l8o73pKk1pV

Во Газа расте насилството врз жените и девојчињата, нагло се зголемени раните бракови

Свет | пред 1 седмица

gaza44

Најмалку 73.919 загинати во Газа од почетокот на конфликтот

Свет | пред 1 седмица

media-library0717c2blum7jcMdOpag

Бројот на загинати во Газа достигна 73.910, повредени се 174.914

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања