Максим ќе бара пак доверба да остане градоначалник во Куманово, партијата најавува борба и за место во Скопје

Од
Објавено на

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ, Игор Филков, потврди дека партијата ќе има свој кандидат за градоначалник на Куманово – актуелниот градоначалник и партиски лидер Максим Димитриевски.
Преговорите за настап на локалните избори во рамки на коалиција се сѐ уште во тек, а ЗНАМ најавува кандидати и во други општини, вклучително и во Скопје.
Филков додаде дека ЗНАМ е подготвена за избори со било кој модел – дури и веднаш.
На прес-конференцијата беше објавено и формирањето на градската организација на ЗНАМ во Скопје, што партијата го нарече почеток на „сериозна и решителна политичка борба“.
