Промени тема
Контакт

ЗНАМ

media-librarybusik94tnchbfo3guUM

Движењето ЗНАМ тврди дека повеќе од 30 члена го напуштиле СДСМ во Ѓорче Петров

Повеќе од 30 членови на Општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров ја напуштиле партијата и преминале во Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија.Од ЗНАМ соопштија дека новите членови биле пречекани од генералниот секретар на Движењето, Горан Минчев, и претседателот на општинската организација во Ѓорче Петров, Славољуб Тотиќ.Како причини за напуштањето на СДСМ, во партиското соопштение се наведуваат состојбите во партијата, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓан

Слајдер | пред 1 седмица

media-libraryungia80lf62g42wZsSN

Димитриевски во Неготино: Европската комисија нотира напредок во областите во кои работи ЗНАМ

Европскиот извештај за 2026 година претставува потврда за напредокот во областите во кои Движењето ЗНАМ има свои функционери, оцени претседателот на партијата Максим Димитриевски на средбата со граѓаните во Неготино.На панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, Димитриевски истакна дека извештајот на Европската комисија е најверодостојниот показател за институционалниот напредок и резултатите од работата на функционерите на ЗНАМ.Тој ги посочи

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

Правосудниот испит ја разгоре политичката расправија: ЗНАМ се заканува со напуштање на Владата, албанските партии му порачаа на Димитриевски дека Врање е блиску

Спорот околу полагањето на правосудниот испит предизвика остри реакции во албанскиот политички блок, откако ЗНАМ порача дека испитот треба да се полага исклучиво на македонски јазик и дека партијата ќе ја напушти Владата доколку биде прифатен предлогот на министерот за правда Јетон Шасивари за комбинирано полагање.Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, се соочи со критики од повеќе албански политичари, кои реагираа на неговите изјави за застапеноста на Албанците и употребата на албанскиот јазик.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3cmabdbo5ii93mjN3mR

Филков: Европската комисија го потврди сработеното од ЗНАМ, за две години подготвивме 33 закони и поставивме темели за реформа на правосудството

Поранешниот министер за правда и функционер на ЗНАМ, Игор Филков, оценува дека извештајот на Европската комисија за 2026 година ги потврдува реформите што биле спроведени во Министерството за правда во изминатите две години. Тој посочува дека во тој период биле подготвени вкупно 33 закони, со кои биле поставени темелите за реформа на правосудниот систем.Филков ги издвојува новите закони за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, за кои Европската комисија дала позитивна оценка, наведувај

Македонија | пред 2 седмици

media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија преку соопштение ги отфрли критиките од Алијансата за Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски, оценувајќи ги како лични дисквалификации и обиди за политичка дискредитација.Од партијата велат дека патриотизмот не се докажува со навреди, туку со конкретни одлуки и преземање одговорност. Како пример го посочуваат потегот на Димитриевски од 2017 година, кога пред локалните избори се откажал од пратеничкиот мандат за да влезе во изборната трк

Македонија | пред 2 седмици

media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

Димитриевски бара лидерска средба: Правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик, нема отстапки без реципроцитет

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека правосудниот испит треба да се полага исклучиво на македонски јазик и дека Македонија не треба да прави нови отстапки во врска со уставните измени без реципроцитет од Бугарија.Во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на телевизија „Сител“, Димитриевски најави дека ќе побара лидерска средба со владините партнери за да бидат утврдени црвените линии на ЗНАМ. Според него, прашањето за јазикот не смее да стане п

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv26bage85i81acNzQvb

Претседателот на Општинската организација на ЗНАМ во Кисела Вода преминува во СДСМ

Виктор Петков, претседател на Општинската организација на ЗНАМ во Кисела Вода, ја напушта партијата и се приклучува на СДСМ, информираат од опозициската партија.Од СДСМ велат дека ова е уште еден показател за осипувањето на ЗНАМ, посочувајќи дека партијата на Максим Димитриевски ги изневерила очекувањата на своите членови и гласачи.„Димитриевски им ветуваше дека ќе бидат коректив и алтернатива, а ги злоупотреби за свои лични бизнис интереси. Ја предаде својата партија, ги предаде гласачите“, се

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryaqsutmnhdsqe7EJF1VZ

Којиќ: Поликлиниката „Железара“ модернизирана со нов кадар и инвестиции во медицинска опрема

Поликлиниката „Железара“ во изминатите две години го проширила медицинскиот тим, набавила современа опрема и го зголемила обемот на здравствени услуги, информираше директорката Лилјана Којиќ, презентирајќи го отчетот за работата на установата.Којиќ посочи дека при преземањето на раководењето во ноември 2024 година, поликлиниката се соочувала со недостиг од медицински кадар, застарена и несервисирана опрема и потреба од подобрување на условите за работа.Во изминатиот период биле обезбедени нови р

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

ЗНАМ до СДСМ: против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври – против бугарските администратори или против бугарските фашистички окупатори?

Општинската организација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија од Прилеп упати прашања до СДСМ во врска со историското значење на 11 Октомври и ставовите на партијата за антифашистичката традиција.Реакцијата следува по маршот што СДСМ го организираше на 10 октомври низ улиците на Прилеп, во пресрет на Денот на народното востание.Од прилепската организација на ЗНАМ прашуваат против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври 1941 година – против бугарските администратори или против бугарските фашис

Македонија | пред 1 месец

media-library7i9k6q577urva7J4olP

Од роботска рехабилитација до нова фасада: ЗНАМ со двегодишен отчет за Клиниката на Мехмедовиќ

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави отчет за работата на директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, Злате Мехмедовиќ, наведувајќи дека во изминатите две години во Клиниката биле реализирани повеќе инвестиции во медицинска опрема, реконструкција и нови технологии.Според отчетот, во нова медицинска и роботска опрема се инвестирани околу 700.000 евра, а обезбеден е и нов инвестициски циклус од дополнителни 450.000 евра за современа опрема и натамошен разво

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd9pops6u80lj6lr8Cyw

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со серијата директни средби со граѓаните и презентацијата на отчетот за работата на своите избрани и именувани функционери во Владата и Собранието.На панел-дискусија во Велес, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, порача дека политиката, според него, треба да биде во функција на државата и интересите на граѓаните, а не борба за позиции.„Не влеговме во Владата за фотелји. Влеговме затоа што веруваме дека Македонија може да биде подобро место за

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhqe0j5c0rjmg5UGMTQB

ЗНАМ го претстави отчетот за две години учество во Владата: „Две години работа. Две години резултати.“

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од редовите на Движењето во изминатите две години.Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, порача дека отчетот не е само пресек на изминатиот период, туку и обврска резултатите од извршувањето на јавните функции да бидат достапни, проверливи и отворени за критика.„Не тргнавме во политиката затоа што верувавме дека власта е лесен пат кон моќта. Напротив, верувавме де

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери!

Две години од предавството на ЗНАМ, прво ја предадоа партијата, потоа гласачите.Денеска во кино ЗНАМ прави отчет. „Две години работа. Две години резултати. Една љубов - тендери.“ Максо со неколку тендер-патриоти во кино. Веројатно филмот е: “како ја предадов партијата и гласачите за тендери”. Тоа не е љубов кон Македонија. Тоа е љубов кон парите, велат од опозициската СДСМ.„ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги преда

Македонија | пред 2 месеци

gerasimovski-centar-1

ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“

Движењето ЗНАМ го обвини градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за цензура при објавувањето на официјалната снимка од седницата на Советот, тврдејќи дека видеото прекинува токму во делот во кој нивната советничка Александра Цветановска зборува за спорниот Нацрт-ДУП „Барутана“, слободата на изразување и наводните притисоци врз советниците.„Покрај бетонирањето на Центар, Горан Герасимовски сега ја бетонира и цензурата“, велат од ЗНАМ.Според партијата, на официјалната снимка од седн

Скопје | пред 2 месеци

maksim

„Македонија е наша татковина, иднината е наша заедничка обврска“: ЗНАМ со честитка по повод Денот на независноста

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, одбележувајќи 35 години од прогласувањето на независноста.Во честитката од партијата се потсетува на референдумот од 8 септември 1991 година, кога, како што наведуваат од ЗНАМ, граѓаните ја потврдиле историската одлука за суверена, самостојна и независна држава.„Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска“, наведуваат од ЗНАМ.Од партијата посочуваа

Македонија | пред 2 месеци

maksim

ЗНАМ: Нема место за глорификација на воени злосторства во Македонија

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија остро ги осуди, како што наведува, сите обиди за глорификација, релативизација или оправдување на воени злосторства и воени злосторници.Во реакцијата од партијата посочуваат дека односот кон воените злосторства, жртвите и правосилните пресуди на меѓународните судови не смее да биде предмет на дневнополитички калкулации.„За нас не постојат двојни стандарди кога станува збор за почитувањето на жртвите, меѓународното право и цивилизациските вредности. Ниту еден в

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryu5l0bj0ucnc6bOTga1b

Димитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционери

Движењето ЗНАМ најавува дека во септември ќе објави извештај за работата на своите функционери, со кој, како што порача лидерот Максим Димитриевски, ќе им покаже на граѓаните што е сработено во изминатите две години.Во гостување во „Вести плус“ на Канал 5, Димитриевски истакна дека партијата ќе продолжи со директна комуникација со граѓаните и со теренски активности низ државата.„Некаде од средината на септември до почетокот на октомври ќе објавиме комплетен извештај за работењето на сите наши па

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryu5l0bj0ucnc6bOTga1b

Димитриевски од Прилеп: Времето на изговори заврши, Македонија мора да се гради со работа, ред и одговорност

„Европска Македонија не се гради со празни ветувања, туку со дела што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, од Прилеп, каде продолжи караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“.Пред прилепчани, Димитриевски испрати јасна порака дека политиката мора да се врати на страната на граѓаните и дека довербата се гради само со одговорност и резултати.„Граѓаните премногу долго слушаа

Македонија | пред 3 месеци

media-library8l9rliapnr9k41Dh0or

ЗНАМ: Колку квадрати бетон вреди едно Водно?

Движењето ЗНАМ преку соопштение соопшти дека неговите советници во Советот на Општина Центар гласале против предлогот поврзан со урбанистичкиот план за Водно, оценувајќи дека со него се отвора простор за нова бетонизација на ова подрачје.Од партијата велат дека нивниот став бил дека не треба да се носат одлуки за Водно без претходни мислења од надлежните институции за можните ризици од ерозија и свлечишта, како и дека предложениот план отстапува од Генералниот урбанистички план.„На седницата пре

Македонија | пред 4 месеци

media-library65k22tae97hv24HWo7f

Серафимовски: Надминат е проблемот со откупот на млекото, сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион добиваат сигурен пласман

Државниот секретар и предлог-кандидат за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион, на која беше соопштено дека е надминат проблемот со откупот на млекото и дека неговиот откуп продолжува.На средбата, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, било истакнато дека обезбедувањето континуиран откуп претставува важен чекор за стабилизирање на сточарското производство в

Македонија | пред 4 месеци

media-library3povirad1tqe9d8s7II

Димитриевски од Штип: Македонија заслужува европски стандарди и достоинствена иднина

Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Штип, град кој со својата традиција и развоен потенцијал претставува еден од најважните двигатели на источниот регион и силен пример дека успехот секогаш започнува со трудот на луѓето.Во своето обраќање, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека европската иднина на Македонија нема да ја донесат празни ветувања, туку силни институции, одговорни политичари и држава што еднакво се грижи за секој св

Македонија | пред 4 месеци

media-library0g1ff8covcnlfw79Gmg

ЗНАМ: Европската иднина на Македонија се гради со силни институции, национално достоинство и државничка визија

Втората панел-дискусија од националниот караван на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија претставува продолжение на непосредниот дијалог со граѓаните низ државата, со цел заедничко креирање политики за модерна, стабилна и просперитетна Македонија.Пред бројни граѓани, членови и поддржувачи, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Македонија има јасна европска определба, но дека тој пат мора да биде пат на самоуверена, достоинствена и суверена држава.„Нашиот пат кон Европа е

Македонија | пред 4 месеци

maksim

ЗНАМ: Конгресот на СДСМ – „Едно големо празно“

Движењето ЗНАМ преку соопштение остро реагираше на неодамнешниот конгрес на СДСМ, оценувајќи дека најавениот „нов почеток“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ не нудат суштински промени, туку претставуваат обид старите политики да се претстават како нова визија.Од ЗНАМ велат дека шесте столба на новата програмска платформа не содржат конкретни решенија и резултати, туку, како што наведуваат, претставуваат „политички флоскули без реална содржина“.Според партијата, слоганот „Твоја држава, тв

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykfgbasvkmc0g7LRr0Qq

Мемов: Кој ја говори вистината – Пендаровски или Ковачевски?

Македонската јавност деновиве е сведок на рускиот рулет во СДСМ во кој од епизода во епизода се отвораат нови прашања, а одговорите стануваат се поконтрадикторни, вели Никола Мемов од ЗНАМ.„Во рок од неколку дена, сведоци сме на две изјави од двајца поранешни носители на највисоките државни функции кои не можат истовремено да бидат точни.Станува збор за изјавите на поранешниот претседател на Републиката, Стево Пендаровски во гостувањето на емисијата “360 степени” и на поранешниот Претседател на

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykfgbasvkmc0g7LRr0Qq

ЗНАМ: „Пендаровски ја отвори Пандорината кутија: Дали правдата во Македонија се договарала зад затворени врати по барање на Никола Груевски?“

Движењето ЗНАМ на денешната прес-конференција побара целосно расчистување на наводите што ги изнесе поранешниот претседател Стево Пендаровски во емисијата „360 степени“, оценувајќи дека тие отвораат сериозни прашања за функционирањето на правниот систем и носењето на клучни политички одлуки во минатото.Од партијата посочија дека станува збор за прашања од висок јавен интерес, бидејќи, според нив, изјавите на Пендаровски упатуваат на можни разговори за амнестии, враќање на лица обвинети или осуде

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања