Промени тема
Контакт

СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Две години од предавството на ЗНАМ, прво ја предадоа партијата, потоа гласачите.
Денеска во кино ЗНАМ прави отчет. „Две години работа. Две години резултати. Една љубов - тендери.“ Максо со неколку тендер-патриоти во кино. Веројатно филмот е: “како ја предадов партијата и гласачите за тендери”. Тоа не е љубов кон Македонија. Тоа е љубов кон парите, велат од опозициската СДСМ.

„ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ. Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата.

Сателити. Глас во Собрание. Столче во институција. Тендер во општина. Тендер во Пошта. Резултатите ги знае народот. Максо прво ги продаде гласачите, потоа Македонија. Потоа следуваше и плац за Лидл.

Со оглед дека има фирма во Бугарија, може себеси да се претстави како странски инвеститор.

— реклама —

Тоа се две години. Две години кражба, две години во кои граѓаните се држени како заложници.

Сега ќе печатат брошура и ќе шетаат во 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија.

Нека објаснат колку чини столчето. Нека објаснат зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми.

— реклама —

Нека каже сега, кога знаеме дека колегите, понапредната верзија, ЗНАМ 2.0 за „реформи“, зеле 1,6 милиони, колку тој зел за првата верзија на ЗНАМ?
СДСМ не седи во нивната сала. СДСМ ги именува со нивното вистинско име.
Предавството има датум. Сега се најавува и втор датум, повторно собирање „за иднината на Мицкоски“, за неколку дена.

Следниот настан нека го прават заедно. Наместо во кино – во Бела палата. Филмот веќе го знаеме.

— реклама —

ЗНАМ не е движење. ЗНАМ е сателит на Мицкоски. Две години работа за бандата.
Две години и тие се дел од бандата. Една љубов, заедничка - тендер.

Доаѓа време кога предавството на Македонија ќе се мери пред суд, не пред платно.
Граѓаните не одат во кино да им честитаат што ги продале. Одат на следните избори да ја вратат државата во свои раце. А бандата да одговара“, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3oq8urer67kg3Il1Yff

„Во уште четири села е забранета водата за пиење – Мицкоски и Клековски ја отруја земјата“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryi43p1htfliq52rpr22A

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар - вака Ѓорѓиевски го води Скопје!

Македонија | пред 2 дена

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Арамијата Мицкоски ја зголеми дупката во ПИОМ на 1 милијарда евра, пензиите ги доведе во ризик

Македонија | пред 2 дена

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања