Промени тема
Контакт

ЗНАМ: Колку квадрати бетон вреди едно Водно?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8l9rliapnr9k41Dh0or

Движењето ЗНАМ преку соопштение соопшти дека неговите советници во Советот на Општина Центар гласале против предлогот поврзан со урбанистичкиот план за Водно, оценувајќи дека со него се отвора простор за нова бетонизација на ова подрачје.

— реклама —

Од партијата велат дека нивниот став бил дека не треба да се носат одлуки за Водно без претходни мислења од надлежните институции за можните ризици од ерозија и свлечишта, како и дека предложениот план отстапува од Генералниот урбанистички план.

— реклама —

„На седницата предупредивме дека со ваквите одлуки се доведува во опасност безбедноста на граѓаните и на идните генерации“, наведуваат од ЗНАМ.

Според партијата, предложените измени значително ги зголемуваат можностите за градење. Тие посочуваат дека процентот на изграденост се зголемува од 5,8 на 30,17 проценти, бруто-изградената површина од 6.500 на 29.459 квадратни метри, а коефициентот на искористеност од 0,17 на 0,91.

— реклама —

Од ЗНАМ тврдат дека постојат и решенија за одделни градежни парцели кои, според нив, отвораат сомнеж дали водечки критериум бил јавниот или приватниот интерес.

„Водно не е простор за тргување. Тоа е природно богатство што мора да остане за сите граѓани“, порачуваат од партијата, додавајќи дека ќе продолжат да се спротивставуваат на, како што велат, сите одлуки што го ставаат приватниот интерес пред јавниот интерес и природата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

ЗНАМ до СДСМ: против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври – против бугарските администратори или против бугарските фашистички окупатори?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library7i9k6q577urva7J4olP

Од роботска рехабилитација до нова фасада: ЗНАМ со двегодишен отчет за Клиниката на Мехмедовиќ

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryd9pops6u80lj6lr8Cyw

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Македонија | пред 3 седмици

gerasimovski-centar-1

ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања