Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Претседателот на Општинската организација на ЗНАМ во Кисела Вода преминува во СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryv26bage85i81acNzQvb

Виктор Петков, претседател на Општинската организација на ЗНАМ во Кисела Вода, ја напушта партијата и се приклучува на СДСМ, информираат од опозициската партија.

— реклама —

Од СДСМ велат дека ова е уште еден показател за осипувањето на ЗНАМ, посочувајќи дека партијата на Максим Димитриевски ги изневерила очекувањата на своите членови и гласачи.

„Димитриевски им ветуваше дека ќе бидат коректив и алтернатива, а ги злоупотреби за свои лични бизнис интереси. Ја предаде својата партија, ги предаде гласачите“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека ЗНАМ било политички сателит на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски, со цел слабеење и делење на опозицијата.

— реклама —

Според СДСМ, по заминувањето на пратеници и советници, сега партијата ја напуштаат и луѓето кои ги предводеле нејзините општински организации.

„Луѓето препознаваат дека СДСМ е единствена неконтролирана опозиција. Вратите на СДСМ се отворени, СДСМ е наш заеднички дом“, порачуваат од партијата.

— реклама —

Оттаму додаваат дека продолжуваат со борбата против, како што велат, криминалот на власта и за подобар живот на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

ЗНАМ до СДСМ: против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври – против бугарските администратори или против бугарските фашистички окупатори?

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library7i9k6q577urva7J4olP

Од роботска рехабилитација до нова фасада: ЗНАМ со двегодишен отчет за Клиниката на Мехмедовиќ

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd9pops6u80lj6lr8Cyw

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Македонија | пред 1 месец

gerasimovski-centar-1

ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања