Промени тема
Контакт

ЗНАМ: Конгресот на СДСМ – „Едно големо празно“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
maksim

Движењето ЗНАМ преку соопштение остро реагираше на неодамнешниот конгрес на СДСМ, оценувајќи дека најавениот „нов почеток“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ не нудат суштински промени, туку претставуваат обид старите политики да се претстават како нова визија.

Од ЗНАМ велат дека шесте столба на новата програмска платформа не содржат конкретни решенија и резултати, туку, како што наведуваат, претставуваат „политички флоскули без реална содржина“.

— реклама —

Според партијата, слоганот „Твоја држава, твоја шанса“ неизбежно ги потсетува граѓаните на периодот кога СДСМ беше на власт и на, како што тврдат, пропуштените можности и неисполнетите ветувања.

— реклама —

„Контрастот меѓу политичките слогани и реалноста е преголем за да се игнорира. Пораките како ‘Живот за сите’ и ‘Нема правда – нема мир’ останаа симбол на големи очекувања, но и на неиспорачани резултати“, наведуваат од ЗНАМ.

Во реакцијата се упатуваат критики и кон раководството на СДСМ, при што се споменуваат поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на партијата, Венко Филипче. Од ЗНАМ обвинуваат дека партијата денес сè повеќе се оддалечува од, како што велат, државотворната улога што некогаш ја имала.

— реклама —

Партијата оценува дека граѓаните не бараат нови слогани и политички пораки, туку конкретни резултати, одговорност и функционални институции.

„За Движењето ЗНАМ, Македонија останува трајна државна обврска. Нашите заложби се насочени кон заштита на институционалниот интегритет, јакнење на државниот капацитет и безусловно почитување на македонскиот државен и национален интерес“, се наведува во соопштението.

Од ЗНАМ додаваат дека само преку стабилни институции, јасна државна политика и конкретни резултати може да се гради европска и просперитетна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

ЗНАМ до СДСМ: против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври – против бугарските администратори или против бугарските фашистички окупатори?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library7i9k6q577urva7J4olP

Од роботска рехабилитација до нова фасада: ЗНАМ со двегодишен отчет за Клиниката на Мехмедовиќ

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryd9pops6u80lj6lr8Cyw

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Македонија | пред 3 седмици

gerasimovski-centar-1

ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања