Македонија

Мицкоски до Радев: Нашите стари рекле – помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, кој тврдеше дека Бугарија никогаш не ставила вето за македонската евроинтеграција.

„Нашите стари рекле – помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат. Еве им шанса да го докажат тоа – на 24 јуни нека ги повлечат амандманите во Европскиот парламент со кои се условува македонскиот јазик“, изјави Мицкоски од Битола.

Тој најави дека очекува средба со бугарска страна на Самитот на НАТО во Хаг, каде ќе се разговара и за Коридорот 8.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Самитот во Тирана порача дека соседите ја блокираат Македонија со вето и идентитетски услови, што води кон „балканизација на ЕУ“.

Радев ѝ возврати дека нема блокада од Софија и дека Бугарија е подготвена да подаде рака, но бара исполнување на постојните договори, преговарачката рамка и уставните измени.

Сиљановска најави дека на Самитот на НАТО во Хаг ќе разговара и со бугарскиот премиер Жељазков, откако беше потврдено дека Радев нема да присуствува.

На почеток