Магазин

„Некст тајм“ на гости кај Иванов

Дуото „Некст Тајм“ вчера објавија на нивниот фејсбук профил дека биле на прием кај претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

„Огромна чест е што денеска имавме можност да бидеме гости кај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и да зборуваме на многу теми.
Свесни дека не секој и секогаш има можност да седне на иста маса со него, така што веруваме дека овој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања“, беше напишано од страна на браќата.

Неодамна направија промоција на својот нов видео запис за песната „Нешто ќе те питам бабо“. Настанот се одржа во Драмскиот театар (Карпош) на 25 март.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток