Нови ракетни напади меѓу Иран и Израел

Од
Објавено на

Нови напади меѓу Иран и Израел утрово и тоа само еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да ги одржи мировните преговори.
Околу 2.30 часот Иран активираше ракетен бараж кон Израел, покренувајќи ги израелските системи за воздушна одбрана кои пресретнаа проектили на небото над Тел Авив.
Израел, пак, соопшти дека погодил десетици воени цели, вклучително и локации за производство на ракети, истражувачко тело за кое рече дека е вклучено во развојот на нуклеарно оружје во Техеран и воени објекти во западен и централен Иран.
Израел започна со напади врз Иран на 13 јуни, велејќи дека „Техеран е на работ да развие нуклеарно оружје“.
