Македонија

(Видео) Нов марш во Кочани – болката веќе не е тивка…

Фото принтскрин/ТВ Кочани

Во Кочани повторно маршираа родителите, роднините и пријателите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“. За разлика од претходните маршеви, одбележани со молк и тишина, денешниот доби поинаков тон – се слушаа исвиркувања.

Од почетната до крајната точка на маршот, граѓаните ја пренесоа пораката дека трпението е при крај, а одговорноста за загубените животи – сè уште ја нема. Маршот почнува подоцна, како симбол на задоцнетата реакција на институциите.

Маршот, достоинствен, јасно покажа дека болката повеќе не е тивка – таа веќе бара правда, не сочувство.

На почеток