Македонија

(Видео) Во Скопје марш за „слободна Палестина“: транспаренти ‘Нема гордост во геноцид’ низ центарот

Десетина граѓани денеска маршираа низ центарот на Скопје, носејќи транспаренти со пораки „слободна Палестина“, „нема гордост во геноцид“ и „тишината е смрт“. Акцијата беше проследена со извикувања преку разглас и гласно изразен став против насилството врз палестинскиот народ.

Иако бројот на присутни беше симболичен, пораките беа директни и јасни.

Овие пароли се дел од глобалниот протестен вокабулар против израелските воени дејства во Газа, кои предизвикаа масовни цивилни жртви, уништена инфраструктура и хуманитарна катастрофа. Војната избувна по нападите на Хамас врз Израел.

На почеток