(Видео) „Излезете на следниот марш, ние сме тука за вие да не одите по гробишта како нас“, рече таткото кој изгуби син единец

Од
Објавено на

Таткото, кој изгуби 21-годишен син единец во пожарот во „Пулс“, упати порака до жителите на Кочани, но и сите граѓани на државата, да излезат со нив и да ги преплават улиците на следниот марш кој ќе се одржи следната недела.
Тој посочи дека се бори за другите деца, за да трагедијата не се повтори, бидејќи тој останал без ништо.
„Немојте да се плашете, не се плашете од смртта, страшен е животот, овој кој го живееме. Како ќе живееме ние сега? 62 деца отидоа, моето дете отиде. Прашајте како живееме ние. Затоа кажувајте сите, да го преплавиме градот“, рече тој.
Родителите и оваа сабота, упатија порака, дека чекаат одговори и правда.
