Трамп се закани: Или ќе има мир или Иран ќе доживее трагедија, има уште многу цели


Американскиот претседател Доналд Трамп, по нападот врз Иран, се обрати директно до нацијата.
Тој потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки.
„Сите ги слушаа тие имиња со години додека ја градеа таа страшна и разорна нуклеарна програма. Нашата цел беше да го уништиме иранскиот објект за збогатување ураниум“, рече Трамп.
Според него, нападите биле спектакуларен воен успех, а клучните капацитети за збогатување ураниум биле целосно уништени.
Или ќе има мир, или Иран ќе доживее трагедија многу поголема од онаа на која бевме сведоци во последните осум дена, остануваат уште многу цели, се закани Трамп.
„Иран, насилникот на Блискиот Исток, мора да се согласи на мир сега. Ако не го стори тоа, идните напади ќе бидат многу помоќни и многу полесни за извршување“, рече Трамп.
