Свет

Трамп отворено за Иран: „Зошто да не дојде до промена на режимот?“

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата го доведе во прашање опстанокот на актуелниот ирански режим, откако САД извршија воздушни напади врз стратешки ирански воени цели за време на викендот.

„Не е политички коректно да се користи изразот промена на режимот, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба ПОВТОРНО ДА ГО НАПРАВИ ИРАН голем – зошто да не дојде до промена на режимот??? МИГА!!!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, алудирајќи на својот познат слоган „Make America Great Again“.

Изјавата доаѓа во ек на ескалацијата меѓу Иран, Израел и САД, и го засилува реторичкото притискање на Техеран, кое традиционално претставуваше ризик за нови геополитички тензии на Блискиот Исток.

На почеток