Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

(Видео) Иран се заканува со жесток одговор: „Америка ќе плати цена – нема повеќе место за неа на Блискиот Исток“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
1c47837a-e93a-4a7c-8297-0790e63aad78

Иранската армија упати остро предупредување до САД по последните американски воздушни напади врз ирански цели, оценувајќи дека Вашингтон сега станува директна мета во потенцијален проширен конфликт.

— реклама —

„Америка ќе се соочи со сериозни последици и решителни воени операции“, порача портпаролот на Генералштабот на иранската армија, Ебрахим Золфакари, во видеопорака објавена денеска.

— реклама —

На крајот, тој директно му се обрати на Доналд Трамп на англиски:

— реклама —

„Трамп, коцкару – можеби ти го започна овој војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја завршиме.“

— реклама —

Иранскиот генерал Амир Хатами во текот на ноќта порача дека САД ќе добијат „одлучен и силен одговор“, исто како и секогаш кога, според него, „починувале злосторства“.

„Ги влечат САД во директен судир со Исламската Република – и ние сме подготвени да ја браниме независноста на нашата земја со сета сила“, рече Хатами.

Во видео-снимка од состанокот, покрај него седат и највисоките команданти на иранската армија – од противвоздушната одбрана, морнарицата, воздухопловството, па сè до копнените сили.

Во меѓувреме, високите ирански функционери испраќаат серија стратешки пораки:

Али Шамхани на платформата X порача дека „дури и ако постројките се уништат, играта не е завршена“, бидејќи Иран ја има „материјата, знаењето и политичката волја“.

„Изненадувањата ќе продолжат!“, предупреди тој.

Али Акбар Велајати, советник на врховниот лидер Али Хамнеи, отиде уште подалеку:

„Секоја земја што ќе им дозволи на САД да користат нејзина територија за напади врз Иран ќе биде легитимна цел. За Америка повеќе нема место на Блискиот Исток“, рече тој.

Ситуацијата на Блискиот Исток драматично ескалира, а Техеран јасно става до знаење дека оваа фаза од конфликтот вклучува директна конфронтација – не само со Израел, туку и со Соединетите Држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Трамп создаде најголем проблем по пандемијата и сега бара друг да го реши

Свет | пред 13 часа

media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

Трамп: Би направил многу повеќе ако бев крал

Свет | пред 1 ден

media-library8pbmu0t3950a3fJ2Icl

(Видео) Советничка на Трамп го спореди со Исус, следуваа остри реакции

Свет | пред 1 ден

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп се заканува со излегување на САД од НАТО: Што би значело тоа за Европа?

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања