Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Додик за наводниот атентат: „Не се чувствувам загрозено, но мора јавно да се соопштат имињата и мотивите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека не се чувствува загрозено по информациите за наводна подготовка на атентат врз него, но побара итно, јавно и јасно да се обелоденат имињата и мотивите на оние кои, според него, стојат зад целата организација.

— реклама —

„Не се чувствувам загрозено, туку многу безбедно кога ме чуваат полициите на Република Српска и Србија. Немам страв, но е индикативно што има луѓе подготвени да одвојат пари за вакви работи“, изјави Додик на прес-конференција во Бања Лука, по средбата со поранешниот гувернер на американската сојузна држава Илиноис, Род Благојевиќ.

— реклама —

Тој тврди дека се знае кој човек во Коњиц ги собрал останатите и обезбедил еден милион евра, а потоа ангажирал лица од Нови Пазар и, како што рече, „муслимани од БиХ кои се криминогени личности“.

— реклама —

„Имаа задача да извршат атентат врз мене на некое место на територијата на Србија. Во меѓувреме, едниот од Нови Пазар е во притвор, другиот во затвор во Риека. Сакам да знам кој е мотивот за атентат. Не можам да поверувам дека стигнавме до ова ниво, но не сакам да драматизирам“, додаде Додик, најавувајќи дека за сето тоа ќе бидат информирани безбедносните служби.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2rngd2fegpve3g36J9s

(Видео) Лидерот на СНСД, Додик, со чучњеви во природа: „Никогаш во подобра форма“

Свет | пред 1 месец

media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: СДСМ го дозакопаа Филипче правдајќи го неговиот гаф со Милорад Додик

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

СДСМ: Ќе одговори ли ВМРО за честитката на Додик

Македонија | пред 2 месеци

dodik

Трамп ги укина санкциите кон Додик, зошто?

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања