Трамп ги укина санкциите кон Додик, зошто?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
dodik

Укинувањето на американските санкции за Милорад Додик и групата од околу триесет негови соработници и членови на најтесното семејство претставува потврда дека актуелната администрација на Доналд Трамп испробува нов пристап кон Босна и Херцеговина, согласни се поголемиот дел од политичарите, аналитичарите и медиумите во таа земја.

— реклама —

Канцеларијата за контрола на странски имот (OFAC) при американското Министерство за финансии во средата соопшти дека од списокот на санкционирани се отстранети Додик, членката на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ, дваесетина поранешни и сегашни функционери во институциите на БиХ и Република Српска, како и повеќе компании кои претходно се најдоа на „црната листа“ на САД поради сомнеж дека се дел од коруптивна мрежа која го одржува Додик на власт и му овозможува лично да се збогатува.

— реклама —

OFAC не даде никакво објаснување зошто Додик, неговите соработници и тие компании повеќе не се под казнените мерки кои подразбираа забрана за патување во САД и замрзнување на имот доколку санкционираните поседуваат таков на американска територија.

— реклама —

Подоцна од Стејт департментот појаснија дека станува збор за редовни ревизии кои се спроведуваат секоја година со цел унапредување на американските интереси, но потврдија и дека укинувањето на санкциите е директно поврзано со повлекувањето на Додик од функцијата претседател на Република Српска и поништувањето на спорните закони што претходно, по негова иницијатива, ги усвои ентитетскиот парламент.

— реклама —

Укинати санкции

„Конструктивните чекори што ги презеде Народното собрание на Република Српска во претходните недели треба да придонесат за поголема стабилност на Босна и Херцеговина и ќе овозможат партнерство со САД засновано врз заеднички интереси, економски потенцијал и заеднички просперитет“, се наведува во соопштението од Стејт департментот што го објави порталот Detektor.ba.

Од таму додадоа дека планираат блиска соработка со политичките актери и учесници „од целиот политички спектар во БиХ“ за да ги унапредат заедничките приоритети, но остана нејасно зошто на списокот на санкционирани и натаму се наоѓаат некои членови на Српската демократска партија (СДС), како и Маринко Чавара од ХДЗ, претседател на Претставничкиот дом на парламентот на БиХ, кој беше санкциониран поради проценката дека е одговорен за блокирање на именувањето судии во Уставниот суд на Федерацијата БиХ додека ја извршуваше функцијата претседател на тој ентитет.

Поради тоа, Чавара со месеци не може да ја прима ниту веќе заработената плата.

Додик првпат беше ставен под американски санкции во 2017 година, кои останаа на сила и за време на првиот мандат на Трамп, додека администрацијата на Џо Бајден ги засили, казнувајќи го целиот круг на негови блиски соработници и спроведувачи на Додиковите сецесионистички закани и идеи.

Синиша Карањ, актуелен кандидат на Додик на предвремените избори за претседател на Република Српска, беше санкциониран затоа што како министер за внатрешни работи директно работел на подготовка на закони врз основа на кои тој ентитет би се одвоил од БиХ.

„Додик сè продаде за лична корист“

Иако медиумите во Република Српска под контрола на власта еуфорично известуваат за укинувањето на санкциите како за „крунисана победа“ на Додик, тој самиот реагираше воздржано, заблагодарувајќи му се на Трамп за разбирањето.

„Уште еднаш се покажа дека сè што беше изговорено против нас беше лага и пропаганда“, напиша Додик на мрежата X, додавајќи дека Република Српска „никогаш нема да падне“.

Од опозицијата во Република Српска веднаш реагираа, оценувајќи дека укинувањето на санкциите е доказ дека Додик „сè продал“ за лична корист.

„Сè уште не знаеме што сè дале, но едно е сигурно — бидејќи СДС и другите останаа на црната листа, тие не се бореле за Република Српска, туку само за себе. Сметката за овие отстапки допрва ќе ни пристигне“, изјави градоначалникот на Бања Лука и лидер на Партијата на демократскиот напредок (ПДП), Драшко Станивуковиќ.т.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Dodik-1

Додик по укинувањето на санкциите: Благодарен сум на Трамп, вистината за Република Српска победи

Свет | пред 1 седмица

1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

САД ги укина санкциите против Милорад Додик

Свет | пред 1 седмица

media-librarym58n9spv3kn0fTS0uKP

Додик во Сочи со Путин: време е Русија и САД да создадат комисија за Балканот

Свет | пред 1 месец

1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

Додик веќе не е претседател на Република Српска

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања