Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Тензии на релација Сараево–Белград: Додик го нападна Конаковиќ, го пофали Вучиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, изјави дека Република Српска претставува гаранција дека страдањата на српскиот народ никогаш повеќе нема да се повторат, по повод одбележувањето на жртвите од логорот Јасеновац.

— реклама —

„Денес, кога се сеќаваме на страдањата во Јасеновац, стоиме мирно пред вистината и пред жртвите кои никогаш не смеат да бидат заборавени. Република Српска е гаранција дека страдањата на српскиот народ повеќе нема да се повторат. Наша должност е да паметиме, да чуваме и да бидеме единствени“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.

— реклама —

Во Република Српска денеска е Ден на жалост, во спомен на жртвите од усташкиот логор Јасеновац и стратиштето Доња Градина, каде во периодот од 1941 до 1945 година биле убиени десетици илјади луѓе.

— реклама —

Во одделна изјава, Додик упати остри критики кон министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, оценувајќи дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, направил повеќе за народите во БиХ отколку што, како што рече, Конаковиќ „може да вети и излаже“.

„Конаковиќ е толку небитен што не вреди да се трошат зборови за него, но скандалите што ги прави не може да се премолчат. Кога го споменува името на претседателот на Србија, треба да стане“, наведе Додик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvie7qplm03bgd6yEuwa

Орбан на гости кај Додик: „Вистинските пријатели се пријатели за цел живот“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
dodik

Додик: Порано не бев националист, но сега сум

Балкан | пред 6 дена

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Додик: Би било корисно за Европа јас и Вучиќ да бидеме премиери на две влади на српскиот народ

Свет | пред 2 седмици

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Додик тврди дека на српскиот премиер му бил забранет прелет над БиХ: „Ја преминаа секоја мера“

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања