Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Додик: Порано не бев националист, но сега сум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Балкан
dodik

Милорад Додик повторно застана во одбрана на осудените за воени злосторства во Босна и Херцеговина, тврдејќи дека тие биле неправедно казнети. Тој го изјави ова на собирот на Пале, организиран по повод 35-годишнината од основањето на таканареченото Собрание на српскиот народ во БиХ.

— реклама —

Додик оцени дека ова собрание ги поставило темелите на денешниот ентитет Република Српска, а посебно ги истакна Радован Караџиќ, Момчило Краишник и Ратко Младиќ, осудени за тешки воени злосторства, вклучително и геноцид.

— реклама —

„За жал, многумина се неправедно затворени. Никогаш не смееме да се откажеме од великаните на нашата национална и историска борба – Караџиќ, Краишник и генералот Младиќ“, рече Додик, по што присутните го поздравија со аплауз. На собирот присуствуваа и српскиот министер за одбрана, Братислав Гашиќ, како и амбасадорите на Србија и Русија во БиХ.

Додик порача дека Република Српска „сигурно не е геноцидна“, а истовремено оцени дека во денешна Босна и Херцеговина, како и во 1991 година, не е можен договор со Бошњаците, кои ги нарече муслимани. Тој изјави дека Србите немаат ништо заедничко со нив и повторно предупреди на, како што рече, опасноста од исламизација на Европа.

— реклама —

„Јас сум националист, веднаш да ви кажам. Не бев таков, сега сум“, изјави Додик. Тој додаде дека Србите денес се „единствени и интегрирани“, заблагодарувајќи му се за тоа на поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvie7qplm03bgd6yEuwa

Орбан на гости кај Додик: „Вистинските пријатели се пријатели за цел живот“

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Додик: Би било корисно за Европа јас и Вучиќ да бидеме премиери на две влади на српскиот народ

Свет | пред 4 седмици

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Додик тврди дека на српскиот премиер му бил забранет прелет над БиХ: „Ја преминаа секоја мера“

Свет | пред 1 месец

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Од „нека одговара пред суд“ до „народен херој“: Голем пресврт во ставовите на Додик за Младиќ

Балкан | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања