Свет

Израел го избра моментот за напад, но не и времетраењето на конфликтот – ризик од долготрајна и скапа војна

Израел сам го одбра моментот за започнување на ненадејниот напад врз Иран, но не може да го контролира крајот на конфликтот и ризикува да биде вовлечен во скап и долготраен воен судир, доколку Техеран одлучи да ја продолжи борбата. Тоа го предупредуваат израелски функционери и аналитичари.

„Сè уште не сме дојдени до таму, но изгледа дека станува збор за денови, а не за недели“, изјави Еран Лерман, поранешен заменик на израелскиот советник за национална безбедност. Неговото мислење се поклопува со ставовите на тројца израелски функционери, кои велат дека Израел се приближува до крајната цел на кампањата.

„Крајот на оваа игра, од израелска перспектива, не е далеку“, додадоа тие.

Во меѓувреме, израелските власти се обидуваат да најдат стратегија за излез од операцијата, со цел да избегнат натамошни и потенцијално дестабилизирачки удари од двете страни.

На почеток