Цените на нафтата нагло паднаа по нападите на Иран

Од
Објавено на

Цените на нафтата забележаа остар пад откако Иран изврши ракетен напад врз американски бази во Ирак и Катар. Брент нафтата, која претходно се тргуваше по речиси 77 долари за барел, сега падна за 4,7 отсто – на 72 долари.
Иако нападот би можел да се протолкува како ескалација на конфликтот, аналитичари наведуваат поинакво објаснување. Како што пренесува Sky News, нападот се гледа како симболична одмазда на Техеран – начин Иран да „спаси образ“ по американските удари врз неговите нуклеарни објекти. Но, отсуството на удари врз критичната нафтена инфраструктура, особено на испораките преку Хормускиот Теснец, донело олеснување кај нафтените трговци – што довело до пад на цените.
