Свет

Израел објави фотографија од иранска ракета испалена за време на примирјето – Иран остро негира, примирјето под притисок

Израелската армија денеска објави фотографија за која тврди дека прикажува иранска ракета испалена за време на договореното примирје, обвинувајќи го Техеран дека го прекршува прекинот на огнот и дека повторно ја загрозува регионалната безбедност.

„Иран продолжува да го покажува своето вистинско лице – лице на терористичка држава и регионална закана,“ соопшти израелската војска, додавајќи дека ракетата била испалена неколку часа по формалното стапување во сила на примирјето договорено со посредство на САД.

Од другата страна, иранската државна телевизија објави официјален демант на властите во Техеран, кои решително ги отфрлаат обвинувањата дека Иран го прекршил договорениот прекин на огнот. Според нив, станува збор за дезинформации и политички маневри на Израел со цел да се поткопа кревкиот дипломатски процес.

„Овие конфликтни изјави дополнително го нарушуваат и онака кревкото примирје постигнато со американско посредување,“ јавуваат иранските медиуми.

Тензиите повторно се зголемуваат, иако примирјето беше поздравено како можност за деескалација и стабилизација по деновите на опасна воена размена меѓу двете држави.

На почеток