(Видео) Бели балони за 62 изгубени животи: „Ова е опрост што не можевме да ве спасиме“


Дарко Златев, вујко на Надица – една од жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, објави видео посветено на 62-та млади што ги загубија животите. Во видеото, преживеаните и роднините пуштаат бели балони во небото како симбол на простување и вечна почит. Снимката е објавена по повод 100 дена од трагедијата.
„Денес не стоите тука како жртви, туку како сведоци на една болка и љубов која никогаш нема да згасне. Вашите имиња се врежани во нашите срца, вашите насмевки се нашето светло“, се вели во видеото што ја потресе јавноста.
Во својата објава, Златев напиша:
„Ние сме децата што преживеавме една ноќ што никогаш нема да ја заборавиме. Ноќта кога небото се замрачи и срцата ни се распаднаа. Ноќта кога изгубивме 62 наши браќа и сестри, другари, пријатели, делови од нашите души.“
Тој нагласува дека не се жртви, туку сведоци – на траума, но и на љубов што не згаснува.
„Ви праќаме опрост. Опрост што не можевме да ве спасиме. Опрост што продолживме да живееме, додека вие останавте млади засекогаш.“
Со болка, но и со завет, Златев додава:
„Ќе живееме за вас. Ќе зборуваме за вас. Ќе се бориме за вистината и за правда – во ваше име.“
„Секогаш ќе бидете со нас – во секоја солза, во секој здив, во секој чекор.“
