Алкараз уште денес му излегува на мегдан на Ѓоковиќ: Спектакл на Вимблдон уште пред стартот


Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз повторно ќе тренираат заедно – седми пат досега – а овој пат вниманието ќе биде максимално насочено кон нив на Вимблдон.
Двајцата тенисери беа финалисти на последните две изданија на Вимблдон, при што помладиот Шпанец двапати излезе како победник. Алкараз покажа дека многу рано во кариерата научил како да игра на трева – подлога која традиционално не им одговара на шпанските играчи. Тој веќе има четири титули на трева, а само три порази.
Последните два трофеи на Вимблдон ги освои токму Алкараз, а уште повпечатлив е фактотот дека последно финале без Ѓоковиќ било во 2017 година. Српскиот ас има настапено на осум од последните десет финалиња, освен во 2020 кога турнирот не се одржа поради пандемијата.
Тренинг-сесијата ќе се одржи овој четврток од 13:30 до 14:15 часот, а ќе биде нивна седма заедничка подготовка. Последен пат се сретнаа на шљаката во Монте Карло, каде што Алкараз го освои турнирот и започна импресивна сезона на земјена подлога.
Во меѓусебниот скор, Ѓоковиќ води со 5-3, и победи на последните два меча – во финалето на Олимписките игри и во четвртфиналето на Австралија опен годинава.
Целта на двајцата: финале на Вимблдон на 13 јули. Но, сè ќе зависи од ждрепката – можеби ќе се сретнат и порано.
