Иран одржа државен погреб за убиени воени лица и нуклеарни научници


Иран денеска одржува државен погреб за околу шеесет високи воени офицери и нуклеарни научници убиени за време на 12-дневната војна со Израел. Меѓу загинатите се и неколку команданти од врвот на иранските вооружени сили, како и десетина водечки експерти во нуклеарната програма.
Церемонијата започна утринава во Техеран, каде иранските власти им оддаваат почит на, како што ги нарекоа, „шехидите на војната наметната од ционистичкиот режим“. Државните медиуми објавија фотографии од ковчезите покриени со ирански знамиња и портрети на загинатите воени команданти во униформи.
„Сабота ќе биде историски ден за исламски Иран и историјата на револуцијата,“ изјави верскиот функционер Мохсен Махмуди за државната телевизија.
🇮🇷 Iran held a state funeral in #Tehran today for 60 nationals — including IRGC commanders, soldiers, nuclear scientists & civilians — killed in the 12-day war with Israel.
Thousands gathered on #AzadiStreet to mourn the loss, including #IRGC chief #HosseinSalami.
#Iran… pic.twitter.com/k8U30aXQvM
— All India Radio News (@airnewsalerts) June 28, 2025
Сè уште не е потврдено дали врховниот лидер ајатолах Али Хамнеј ќе присуствува на погребот, иако во минатото предводел слични церемонии, вклучително и минатогодишниот погреб на претседателот Раиси по хеликоптерската несреќа.
Израелски воен претставник вчера соопшти дека израелските сили убија повеќе од 30 високи безбедносни функционери и 11 водечки нуклеарни научници, во обид да ѝ нанесат сериозен удар на иранската нуклеарна програма. Иран, од своја страна, негира дека развива нуклеарно оружје и тврди дека неговата програма е исклучиво за цивилна употреба.
Според иранското Министерство за здравство, во конфликтот загинале најмалку 627 цивили, а речиси 4.900 се повредени. Израелските власти наведуваат дека иранската одмазда резултирала со 28 загинати на нивна територија.
