Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Трамп со жесток одговор до Хамнеј: „Го спасив од срамна смрт, а тој лаже за победа над Израел“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Aамериканскиот претседател Доналд Трамп остро му одговори на иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеј, кој претходно ја прогласи „победата над Израел“ и го критикуваше Трамп во своето обраќање.

— реклама —

Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп го нарече Хамнеј „таканаречен врховен лидер“ и оцени дека изјавата за победа е „очигледна и глупава лага“.

— реклама —

„Како човек на голема вера, не треба да лаже. Неговата земја е десеткувана, три нуклеарни постројки се уништени, и јас точно знаев каде се криеше. Не му дозволив на Израел или на нашите вооружени сили – најмоќни во светот – да му го одземат животот. Го спасив од многу гадна и срамна смрт“, напиша Трамп.

— реклама —

Тој откри и дека, во последната фаза од војната, наложил на Израел да повлече „многу голема група авиони“ кои биле на пат кон Техеран, подготвени за масовен напад. Според него, тој напад би предизвикал огромни жртви и разурнувања.

— реклама —

Трамп тврди дека, и покрај тоа што работел на можно олеснување на санкциите кон Иран, по негативните изјави од Техеран, веднаш ги стопирал сите такви напори.

„Иран мора да се врати на патот на светскиот поредок, во спротивно ќе им биде само полошо. Секогаш се гневни, непријателски и несреќни – и погледнете каде ги доведе тоа: изгорена, разнесена земја, без иднина, десеткована војска, катастрофална економија и смрт околу нив“, порача Трамп.

На крајот, ја заврши пораката со повик за мир:

„Сакам иранското раководство да сфати – со мед често ќе добиеш повеќе отколку со оцет. Мир.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Трамп создаде најголем проблем по пандемијата и сега бара друг да го реши

Свет | пред 9 часа

media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

Трамп: Би направил многу повеќе ако бев крал

Свет | пред 21 час

media-library8pbmu0t3950a3fJ2Icl

(Видео) Советничка на Трамп го спореди со Исус, следуваа остри реакции

Свет | пред 21 час

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп се заканува со излегување на САД од НАТО: Што би значело тоа за Европа?

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања