Лавров: Зголемувањето на воените трошоци може да доведе до распад на НАТО

Од
Објавено на

„Катастрофалното зголемување на буџетот за одбрана кај НАТО-државите може да доведе до распад на таа организација“, изјави Лавров, коментирајќи ја изјавата на полскиот министер Радослав Сикорски дека трката во вооружување може да го собори Путин.
Изјавата доаѓа по самитот на НАТО во Хаг, каде што лидерите поддржаа зголемување на одбранбените трошоци до 5% од БДП до 2035 година, на иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп.
Лавров додаде дека Москва разгледува опција за намалување на воениот буџет во 2026 година, и покрај тоа што годинава тој изнесува 6,4% од БДП – највисоко ниво од Студената војна.
