🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Мицкоски од лидерскиот самит: „Не прифаќаме уцени под маска на европскиот процес“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
mickoski-5123

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на лидерскиот самит во Скопје, испрати порака дека Македонија не се води по европскиот пат со сервилност, туку со јасна визија, конкретни резултати и цврста определба за европските вредности – но без уцени.

— реклама —

„Денес сме тука не само како домаќини, туку и како партнери и сојузници на заедничка визија – Западен Балкан што не се дефинира преку проблемите, туку преку можностите. Интеграцијата во ЕУ за нас не е само збор – тоа е акција, реформи, резултати“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека домаќинството на самитот е симболична потврда за регионалната и европска релевантност на Македонија, како и за политичкиот капитал вложен во стабилноста и реформите.

— реклама —

Во фокусот на разговорите бил Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, кој, според Мицкоски, претставува историска шанса за економска и институционална трансформација.

„Тоа е алатка преку која ќе ги модернизираме јавните услуги, образованието, дигиталната и енергетската инфраструктура. Ќе ја направиме татковината европски дом – уште пред формално да стане членка на ЕУ“, рече тој.

Сепак, Мицкоски упати и јасна порака:

„Нашите чекори се со отворено срце и разум, но се противиме на уцени кои не се дел од европските вредности. Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес. Европа е дом на правото и достоинството – тоа се вредностите што ги прифаќаме, сè друго е туѓо за нас.“

Премиерот додаде дека реформите не се декорација, туку неопходност, и оти државата ќе продолжи со работа, со јасна волја и сопствена визија, независно од надворешните притисоци.

„Испорачуваме резултати не затоа што некој го бара тоа, туку затоа што нашите граѓани го заслужуваат. Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности, не по налог, туку по убедување“, порача тој.

Во завршницата, Мицкоски ѝ се заблагодари на еврокомесарката за проширување Елисабета Кос и на Европската комисија за поддршката, но посочи дека Македонија останува решена самата да си помогне – со реформи, со работа и со доверба во сопствените сили.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања