(Видео) Пак избувна пожар во депонијата во Визбегово

Од
Објавено на

Гори депонијата во Визбегово – повторно. Густ црн чад се издига над северниот дел на Скопје и се шири кон градот, предизвикувајќи загриженост кај жителите.
Ова не е првпат оваа летна сезона. Истата депонија гореше и на 30 јуни, кога од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека пожарот се реактивира постојано поради природата на отпадот.
Граѓаните повторно се жалат на неподнослива миризба. Интервенираат од Противпожарната служба на Град Скопје.
