Македонија

Топлотен бран во Македонија цела недела, температурите над 40 степени, а потоа нагло заладување, дури и снег на европските Алпи

Топлиот бран од Африка кој зафати голем дел од европа, цел регион, како и Македонија, ќе продолжи се до крајот на оваа недела, и истиот ќе придонесе и понатаму да имаме многу топло време со висока вредност на Ув индексот 9, прогнозира Славчо Попоски.
Според него, сепак, во недела во попладневните часови ќе има појава на изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, но и услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен. И во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 40/41 степен.
Поради многу топлото време, но и поради високата вредност на Ув индексот, граѓаните, особено оние повозрасните, без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности.
Инаку, според најновиот излез на Европскиот модел (ECMWF), наредната недела следува поголемо разладување на времето и голем пад на температурите во најголем дел од Европа, а околу и по 10 јули пад на температурите и врнежи се очекуваат и во Македонија. На европските Алпи ќе има и обилни врнежи од снег.

фото: Unsplash

На почеток