Македонија

Жерновски прашува: Која земја не се замара со ЕУ? Одговорот ќе ве изненади

Поранешниот амбасадор на Македонија, Андреј Жерновски со иронија го привлече вниманието на фактот што Македонија нема амбасадор во Данска.
„Која е земјата без амбасадор во Данска?
Вчера, Данска официјално го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со Советот на ЕУ, со две главни приоритети: безбедност и конкурентност. Задачата е доста тешка, како резултат на екстремната неизвесност и нестабилност со кои денес се соочува Европската Унија.
Инаку, Данска повторно стана силен застапник на проширувањето, тврдејќи дека Украина само во рамките на ЕУ и НАТО може да биде безбедна и просперитетна. Да се потсетиме на историското наследство на Данска во однос на проширувањето: во 1993 година, данското претседателство со Советот на ЕУ заврши со самитот на кој се воспоставија Копенхашките критериуми, кои станаа библија за сите последователни рунди на проширување.
Овојпат, Данска го поставува својот основен приоритет за проширување на ЕУ низ безбедносна перспектива. Мошне значајно е што го опишува проширувањето како „геополитичка неопходност“ и „единствениот начин ЕУ ефикасно да придонесе за стабилизирање на европскиот континент“. Но, нејзиното претседателство со Советот се соочува со предизвикот да го усогласи овој геополитички императив со пристапот на ЕУ кон проширувањето, базиран на заслуги и сопствената подготвеност на ЕУ за проширување.
Сите земји кои се членки на ЕУ или се кандидати за влез во истата, имаат свој амбасадор во Копенхаген, освен една. Причината е едноставна- владата на таа земја има други приоритети и нема време да се занимава со небитни работи како што е, на пример, нејзиниот евроинтеграциски процес.
Прашање:
Која е таа земја?“ праша Жерновски

На почеток