Свет

Загина Диого Жота, ѕвездата на Ливерпул, заедно со брат му во страотна сообраќајна несреќа во Шпанија: Бил на меден месец

Португалскиот фудбалер Диого Жота, фудбалската ѕвезда на Ливерпул, го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во шпанската провинција Замора.

Според шпанските медиуми, 28-годишниот Жота бил на одмор и меден месец, само две недели по неговата свадба.
Заедно со него, животот го загуби и неговиот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер. Автомобилот во кој патувале излетал од патот и експлодирал, а двајцата загинале како резултат на пожарот во возилото.

Сведоци на несреќата јавиле на бројот за итни случаи 112 веднаш по случувањето, при што било забележано дека автомобилот бил во пламен, а огнот се проширил и на околната вегетација. Несреќата се случила во раните утрински часови, кратко по полноќ.
Пожарникарите, полицијата, брзата помош и медицинскиот тим од здравствениот центар во Момбуеј пристигнале на лице место, но можеле само да го констатираат смртниот исход на двајцата браќа.
Жота се венчал со Руте Кардосо на 22 јуни 2025 година, осум дена пред трагичната несреќа. Неколку часа пред несреќата, фудбалерот сподели видео со својата сопруга.

На почеток