Македонија

Вработен во Водовод претепан со метални палки, клоци, боксови – жртвата има скршеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против три лица поради сомнение за кривично дело Насилство по член 386 став 3 од Кривичниот законик, откако на 2 јуни брутално нападнале вработен во пункт на „Водовод“ во Шуто Оризари.

Според обвинителството, додека оштетениот паркирал службено возило пред објектот, тројцата осомничени му пришле од зад грб и без повод го нападнале со дрвени и метални палки, клоци и боксови, нанесувајќи му тешки телесни повреди, вклучително и фрактури на повеќе коски. Насилството се случило пред очи на очевидци, предизвикувајќи силна вознемиреност и страв кај присутните.

До моментот, еден 29-годишен осомничен е уапсен, а обвинителството побара притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоците. Другите двајца напаѓачи, на возраст од 38 и 40 години од Сингелиќ, се во бегство, а за нив се распишани насоки за пронаоѓање и приведување.

На почеток