Николоски: Го завршивме експресниот пат Градско – Фариш, патот до Прилеп и Битола сега побрз и побезбеден


Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, преку видео на својот Фејсбук профил објави дека е завршена изградбата на делницата Дреново – Фариш, како дел од експресниот пат Градско – Прилеп, нагласувајќи дека овој инфраструктурен проект носи конкретни придобивки за граѓаните од Пелагонија и Тиквешијата.
„Го изградивме експресниот пат Градско – Дреново – Фариш (Прилеп). Ветивме модерно и безбедно патно решение, и ова е одговорот на тоа ветување,“ напиша Николоски.
Според него, новата делница во должина од 25 километри значително ја подобрува безбедноста и го скратува времето на патување од Скопје до Прилеп и Битола.
„Продолжуваме да ја градиме Македонија“, заврши тој во објавата, потенцирајќи дека патот ќе има директно влијание врз развојот на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Могила, Новаци, Кривогаштани и целиот регион.
