Наместо ефективен притвор, возачот на мотоциклот „Кавасаки“ кој усмрти пешак и побегна без да му укаже помош, ќе го чека епилогот од истрагата во удобноста на својот дом, дознава „Скопје1“. Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд, не ја уважи предлог-мерката на обвинителката која бараше ефективен притвор, односно возачот кој беше во бегство, да биде спроведен во затворот во Шутка.
Засега не се познати деталите од решението, односно, зошто судијата се решил лице кое беше во бегство, да го остави во куќен притвор. Од Обвинителството посочуваат дека жалбата за ваквата мерка е веќе дадена и се чека одлуката на Кривичниот совет. Обвинителката инсистира на мерка ефективен притвор.
Инаку, трагедијата се случи на скопскиот Кеј, на пешачка патека. Возачот на мотоциклот немал ниту дозвола. Жртвата, скопјанецот Југо (Југослав Николовски), излегол да фрли отпад, а бил усмртен под прозорецот на неговиот стан.
Возачот кој го усмрти скопјанецот на кеј, немал ниту возачка дозвола: станува збор за лице со криминално досие
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 25-годишен скопјанец, кој на 1 јули управувал мотоцикл и со тоа предизвикал сообраќајна несреќа на кејот на Вардар, при што смртно настрада пешакот Југослав Николовски.Осомничениот се товари за кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, бидејќи со мотоцикл без табличка возел по пешачка патека кај улицата „Јован Хаџи Константинов
Скопје | пред 11 месец
(Фото) Скопјанец усмртен на кејот кај „Жабарот“ на пешачка зона, прегазен под прозорецот на станот каде живеел
Излегол на улица, а смртно бил прегазен под прозорецот на станот каде живеел. Ваква судбина доживеа скопјанецот Југо, кој вчера го загуби животот на кејот на Вардар, спроти Паркот на Франкофонијата. Неговите роднини за „Скопје1“ посочуваат дека сѐ се случило околу 20 часот кога имало преку 30 деца во близина. На моторот, според нивните информации, имало две лица, кои бегале од полиција.„Го убија на пешачка зона“ вели роднина на загинатиот Југо.Преку социјалните мрежи од него се простуваат и приј
Скопје | пред 11 месец