Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
droga2

По претходно превземени оперативни активности, вчера (04.07.) полициски службеници од СВР Скопје врз основа на Судски наредби за претрес на дом и други простории извршија претреси кај две лица.

— реклама —

Притоа при претресот кај лицето Н.Ј. (26) од Скопје во стан во Ѓорче Петров беа пронајдени и одземени една дигитална вага со остатоци од материја, една зипер кесичка со семки од растение, една полиетиленска кесичка со бела прашкаста материја, една тегла со бела грутчеста материја, мало шишенце со семки од растение, поголема црна кеса со растителна материја, како и полиетиленска кесичка со растителна материја. Исто така пронајдени и одземени се и парични средства - две банкноти во апоени од 2000 денари, осум банкноти во апоени од 1000 денари, 20 банкноти во апоени од 500 денари.

— реклама —

Дополнително при претресот од страна на таткото на лицето Н.Ј. доброволно биле предадени и четири куршуми, калибар и четири ловни со калибар од 12 мм.

— реклама —

Во извршениот претрес, пак, кај лицето Д.Т. (26) во Волково, скопско, биле пронајдени и одземени: една тегла со растителна материја, зипер кесичка со растителна материја, полиетиленска кесичка со осум семки од растение, една дигитална вага, два грендери со материја, потоа три стебла од растение, како и две воздушни пушки со дрвен кундак и една кутија со дијаболи за воздушна пушка.

— реклама —

Во координација со дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје лицата се лишени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Осум лица приведени поради семејно насилство во претходното деноноќие, пријавени вкупно 14 случаи

Македонија | пред 5 часа

media-library27j9tnfkqglb3UimxLd

Ексградоначалникот на Кичево Дехари осомничен е за злоупотреба на 1,6 милиони евра преку тендер

Македонија | пред 6 часа

media-library8bcqe85dfp6j2maoUSO

Уапсени 12 возачи: Седуммина возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 6 часа

media-librarya8sbkaj7e437bd7OZUK

Дивеење на патиштата: 212 км/ч на автопат, три лица уапсени

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања