🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Никола Димитров: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Коментари
dimitrov-i-osmani

„Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер кој испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога се прават неправди, кога се крши меѓународното право, кога се злоупотребуваат човековите права. Тоа не го гледаме“, порача претседателот на „Солуција“, Никола Димитров, на „Сими Симпозиумот“ што се одржува по 27-ми пат во Грција.

— реклама —

“Силата на ЕУ секогаш била во принципите. Во моментот кога Европа ги напушта вредностите, тоа станува ништо. Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер кој испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога се прават неправди, кога се крши меѓународното право, кога се злоупотребуваат човековите права. Тоа не го гледаме”. Ова го порача претседателот на “Солуција”, Никола Димитров на дваесет и седмиот Сими Симпозиум, оваа година под насловот “Парадоксот на Пандора”.

Димитров зборуваше за македонското искуство во европските интеграции и блокадите со кои земјава се соочува:

— реклама —

“ЕУ дозволи тоа што нас ни беше најважно и тоа што го обезбедивме со Преспанскиот договор, тоа што Грција го прифати - дека ние сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик, да биде сега нападнато од Бугарија. Бугарија гордо го грабна ветото, откако тоа прво ни беше ставено од Франција, ужасна геостратешка грешка на Париз. И сега наместо да зборуваме за реформи, заглавени сме со срамни прашања од минатиот век, со наратив што едноставно е недозволив во 21 век во Европа - некој друг да ми кажува кој сум и каков јазик зборувам”, порача Димитров.

Тој зборуваше и за улогата на ЕУ на светската геополитичка сцена, потенцирајќи дека со политика на компромиси кога се клучните вредности во прашање, ЕУ си го подрива и сопствениот кредибилитет и своето значење во свет, кој станува мошне опасен и непредвидлив.

“Мислам дека многу европски лидери, со чест на исклучоци, не се свесни колку на долг рок ќе се одрази врз силата на ЕУ нивниот молк за Газа, на пример”, заклучи Димитров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

orban-zele

Планот на ЕУ за руските пари не носи мир – „Глупава идеја што ја турка Унијата кон војна“, вели Орбан

Свет | пред 18 часа

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Фон дер Лајен решителна: Нема да си заминам од Брисел без решение за финансирање на Украина

Свет | пред 20 часа

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски предупредува: Без одлука на ЕУ за замрзнатите руски средства, Украина ќе се соочи со сериозни проблеми

Свет | пред 20 часа

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Фон дер Лајен од Стразбур: Европа не смее да дозволи другите да ѝ ја кројат иднината

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања