View the subsequent content through the homepage link#usa #shortsvideo #newyork
vyiJXYRCAYI

Левица: Црвената фаза бара задолжителни мерки, а не препораки - надлежните веднаш да донесат мерки за заштита на населението

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Согласно Акцискиот план на Институтот за јавно здравје (2025–2030), при надминување на граничните вредности на температурите од 39°C во јули (за скопскиот регион), се активира црвена фаза - состојба која бара итни и засилени мерки за заштита на населението.

— реклама —

Во овој момент, согласно официјалните прогнози на УХМР, температурите низ државата достигнуваат и надминуваат 40°C – што значи дека Македонија е во црвена фаза, дефинирана како своевидна вонредна состојба.

Според Левица, несериозно и крајно неодговорно е институциите да излегуваат со неефикасни, незадолжителни препораки, наместо со обврзувачки мерки кои би ги заштитиле граѓаните, особено најранливите категории.

— реклама —

-Министерството за здравство и Владата ја минимизираат реалната закана по животот и здравјето на граѓаните, додека медицинските служби и Брзата помош се веќе преоптоварени. Дополнително, давање препораки до приватните работодавачи во контекст на македонските услови, каде работничките права се грубо прекршувани, е недоволно и апсолутно неефективно, смета партијата.

Левица бара итна и конкретна акција од министерот за здравство Азир Алиу и Владата:

- Да се донесат задолжителни мерки за ослободување од работни обврски на ранливите категории, лица над 60 години, хронично болните од кардио-васкуларни и респираторни заболувања, онколошките пациенти, лицата со дијабет, трудниците и сл. неселективно, односно независно од секторот, работата која ја обавуваат;

- Да се забрани работа на отворено во критичните часови (11:00 – 17:00);

- Да се активираат сите мерки од постоечкиот акциски план на ИЈЗ;

- Да се ангажираат и мобилизираат локалните самоуправи и Црвениот крст за згрижување на бездомници и обезбедување на јавни простори за ладење;

- Да се засилат контролните механизми и да се санкционираат работодавците кои ги игнорираат мерките.

-Ниту еден човечки живот не смее да биде ставен на коцка поради нечија неспособност, незаинтересираност или бирократска летаргија. Неодговорноста на институциите во ваква состојба е повеќе од пропуст – таа е опасна и потенцијално кобна. Бараме веднаш да се прекине со игнорирањето на реалноста и да се преземат сите неопходни мерки за заштита на граѓаните, велат оттаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања